Search

Ја украла картичката од вујната па извадила 80.000 денари

Прилепчанка ја ограбила својата вујна на која и ја украла кредитната картичка од каде повлекла 80.000 денари, информираше МВР.

Станува збор за Л.В. (47) , против која полицијата поднела кривична пријава за оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем.

Според полицијата, осомничената во на 3 декември лани заедно со нејзината вујна Д.П. (82) од картичката на старицата извадиле 4.000 денари, по што Л.В. не и ја вратила картичката. Таа ги задржала и парите.

Осомничената во текот на истиот месец од картичката повлекла вкупно 80.000 денари.

Треба да знаете
Последни објави