Иско по спектакуларното шоу: Репрезентацијата ми дава живот, во Реал…

Иско Аларкон беше играч број еден на теренот во неверојатната партија која ја одиграа шпанските репрезентативци во дуелот со Аргентина, а овој меч фудаблерот на Реал Мадрид дефинитивно ќе има посебно место во неговата глава и поради тоа што за првпат постигна три гола на еден официјален натпревар.

Офанзивниот играч за врска едноставно брилјираше против Аргентинците и беше лидер на својата селекција во преуверливата победа од 6:1, а по феноменалното издание, привлече големо внимание и со изјавата која ја даде за домашните медиуми.

Иско се обиде да направи споредба за изданијата кои ги има во Реал и во националниот дрес, јасно алудирајќи на тоа дека довербата која ја добива од селекторот Лопетеги прави да се чувствува комотно и слободно на теренот, нешто што дефинитивно не го доживува во својот клуб.

– Кога немате континуитет со својот тим, партиите кои ги имам со репрезентациите ми даваат живот, ме враќаат во живот. Тука ја имам комплетната доверба од тренерот, во Мадрид очигледно уште ја немам заработено таа доверба. Навистина имам огромна желба да докажам дека сум добар играч. Лопетеги ми ја укажува довербата со минути на теренот. Во Реал ја немам довербата која еден фудбалер треба да ја има, најверојатно проблемот сум јас бидејќи не упеав да ја заработам таа потребна доверба. Мора да продолжам да работам за да ја придобијам довербата од Зидан, – вели Иско.

Треба да знаете
Последни објави