Мурињо подготвил 50 милиони евра за фудбалерот на Наполи

Мурињо и Јунајтед веќе се во потрага по засилувања за идната сезона, а Португалецот посебно ќе се сконцентрира на засилувањата во средниот ред.

Наводно „Црвените Ѓаволи“ се заинтересирани за Жоргињо, кој што се согласил да се пресели во Јунајтед.

Наполитанците за неговите услуги бараат 50 милиони фунти, а со оглед на тоа што 26-годишниот фудбалер на Наполи имал голема желба да го облече дресот на Манчестер Јунајтед, споменатата сума не би требало да биде никаков проблем за англискиот клуб.

Англиските медиуми се уверени дека италијанскиот репрезентативец веќе на почетокот на летото ќе се пресели во Манчестер Јунајтед каде што ќе има сериозна конкуренција во средниот ред.

Треба да знаете
Последни објави