Search

Паника во Италија: Боинг не се јавил на контролата на летот, веднаш полетале борбени авиони и го пробиле звучниот ѕид

Италијански борбени авиони синоќа итно полетале и го пробиле звучниот ѕид, по што предизвикале паника меѓу населението во северна Италија.

Италијанските служби добиле огромен број на повици за некаква експлозија која што ја пријавувале граѓаните. Тамошните медиуми пренесуваат дека два италијански борбени авиони итно полетале да пресретнат француски патнички авион кој што го загубил контактот со италијанската контрола на летовите.

Преплашените жители на северната италијанска провинција Ломбардија упатиле илјадници повици до тамошните итни служби во близина на финансискиот центар во Милано и во близина на аплските подрачја.

Само во Бергамо во близина на Милано била евакуирана цела зграда на судот, а во неколку училишта била прекината и наставата.

Авионот „Боинг 777“ на француската авиокомпанија “Air France” го загубил контактот со италијанската контрола на летови додека летал над северниот дел од Италија, по што два “Eurofighter F-2000” на италијанските воздушни сили биле испратени да го пресретнат патничкиот авион, стои во соопштението на италијанската армија.

Сепак, набрзо од екипажот на францускиот авион успеале да воспостават врска со контролата на летот, па борбените авиони добиле наредба да се вратат назад во своите бази. Засега не е објавено зошто радио врската била прекината.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, ветерот и ниските температури уште повеќе ја зголемиле јачината на звучниот удар поради кој, како што се вели „ја кренал на нозе цела северна Италија“.

Треба да знаете
Последни објави