Search

Лидерите на ЕУ ја поддржаа Британија: Москва виновна за случајот Шкрипал

Лидерите на Европската Унија се согласија со Велика Британија, дека Русија е таа која „многу веројатно“ стои зад нападот на поранешниот руски и британски шпион во Солсбери.

 

Лидерите на ЕУ сметаат дека нема друго прифатливо решение, соопшти синоќа претседателот на Европската комисија, Доналд Туск.

Туск на својот Twitter профил напиша дека се сложува со ставовите, бидејќи, како што тврди „нема друго прифатливо објаснување“ за труењето на Сергеј Шкрипал и неговата ќерка Јулија со нервен гас.

Изјавата на Туск претставува победа за британскиот премиер Тереза Меј, која ги повика лидерите на ЕУ да ја поддржат нејзината земја во обвиненијата упатени кон Русија, за нападот кој се случи на 4 март во англискиот град.

Инаку, вчера во Брисел започна дводневен пролетен самит, на кој меѓу главните теми беше тензијата на релација Лондон – Москва, која настана како последица на случајот Шкрипал и ставот на ЕУ по тоа прашање.

Медиумите пренесуваат дека Европската Унија е традиционално поделена, кога станува збор за ставот кон Москва.

Треба да знаете
Последни објави