Search

Лавров: Москва, како и досега, не гледа факти во случајот „Скрипал“

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека неговата земја, како и досега, не гледа факти што ја потврдуваат вината на Москва во случајот со труењето на поранешниот руски двоен агент, Сергеј Скрипал во Велика Британија.

„Русија, како и досега, не гледа факти за вината на Москва во врска со случајот со Скрипал“, истакна Лавров.

Тој додаде дека Лондон прави се што е можно за да ги доведе односите со Русија во ќор-сокак.

Треба да знаете
Последни објави