Search

Камион излетал од патот Плачковица – Штип, возачот загинал на самото место

65-годишен жител на село Таринци загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на патот Плачковица – Штип пред крстосницата за село Козјак.

Според информациите на МВР, Д.В.(65) управувајќи камион „застава 621“ со штипски регистарски ознаки изгубил контрола над возилото, по што излетал од патот и удрил во дрво. Од екипа на Итна медицинска помош било констатирно дека Д.В. починал на местото на настанот. Увид е извршен од увидна екипа на СВР Штип и jавен обвинител.

Треба да знаете
Последни објави