Search

Eвропратеникот Илхан Кучук во посета на земјава

Денеска во посета на Република Македонија е пратеникот од Европскиот парламент, Илхан Кучук, кој доаѓа од партијата Движење за права и слободи од Република Бугарија и потпретседател на АЛДЕ (Алијанската на либерали и демократи за Европа), член на групата за пријателство на Македонија и ЕУ при Европскиот парламент.

Во рамките на посетата планирани се средби со преставници на Владата и претставници на политички субјекти во државата. Согласно со агендата, предвидено е Кучук да оствари средба со вицепремиерот

Бујар Османи, за подоцна закажана е средба во Министерството за надворешни работи, по што ќе оствари поединечни средби со претставниците на политичките партии ЛДП, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Беса, СДСМ и ТХП.

Во придружба на Кучук се и Роман Јакиќ, претседателот на регионалната либерална мрежа Libseen (Liberal South East European Liberals) и Гашпер Копрившек, член на бордот на АЛДЕ.

Треба да знаете
Последни објави