Search

Доналд Трамп прави реално шоу од Белата куќа: Отпуштен си!

Се чини дека Доналд Трамп, дури и како претседател на САД, сѐ уште сака да ја користи омилената речница од времето кога го водеше реалното шоу The Apprentice: „Отпуштен си!“

 

Американскиот претседател Доналд Трамп го смени досегашниот советник за национална безбедност Мекмастер и на негово место го постави Џон Болтон.

Секако, како и секогаш досега, американскиот претседател за оваа одлука јавноста на извести преку својот Twitter профил.

„Драго ми е што можам да најавам дека од 9 април Џон Болтон ќе биде мојот нов советник за државна безбедност“, напиша Трамп во најновото продолжение од серијата на промени кои тој ги направи, или своеволни заминувања на членови на неговата администрација, во последните неколку месеци.

Серијата на откази од страна на Трамп започна најпрво со отпуштање на тогашниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, потоа Трамп го разреши и главниот обвинител на САД, Сали Јејтс, следуваше и отказ за Прит Барара, поранешен американски обвинител за јужниот дел на Њујорк, Ентони Скарамучи беше отпуштен како директор за комуникации во Белата куќа по само 11 дена на работа, а Стив Банон беше како главен стратег доби отказ на 18 август, познат е случајот и со секретарот Рекс Тилерсон кој неодамна доби отказ, а го замени поранешниот директор на ЦИА Мајк Помпео.

Инаку, Болтон беше член на владата на претседател Џорџ Буш помладиот и коментатор на американската телевизија „Fox News“.

Трамп ја поздрави „извонредната работа“ на Мекмастер кој го смени, истакнувајќи дека тој ќе остане негов пријател.

Тој е дури третиот советник на Трамп за национална безбедност, во интервал од 14 месеци.

Треба да знаете
Последни објави