Search

Откриен протеин кој може да го забави развојот на рак на црниот дроб

Откриен е протеин кој може да го забави развојот на рак на црниот дроб и да овозможи порана дијагноза и поголеми шанси за преживување, соопшти Универзитет во Базел.

 

Овој вид на рак најчесто се појавува кај постари мажи, кои веќе боледуваат од цироза на црниот дроб и често се воочи подоцната фаза, што им го скратува времето на животот.

„Протеинот наречен LHPP спречува неконтролирано ширење на клетките на ракот во црниот дроб“, објави швајцарскиот универзитет.

Недостатокот на тој протеин го намалува животниот век на пациентот за две години. Поради тоа, по генетски пат би требало да се обнови производството на тој протеин кај пациентите кои го немаат.

Откритието е објавено во магазинот „Nature“, за кое авторот на истражувањето вели дека е „неверојатно“ тоа што LHPP бил потполно отсутен во ткиво во кое има тумор, додека бил присутен во здравото ткиво.

Биле проучени 4,000 протеини во здраво ткиво и во туморите на црниот дроб кај глувци.

„На ист начин како и во примерот со глувците, очигледен е падот на нивото на LHPP кај туморот на пациентите кои страдаат од рак на црниот дроб“, вели авторот на истражувањето.

Треба да знаете
Последни објави