Search

Скандал го тресе целиот свет! Поради аферата со издавањето на личните податоци Фејсбук изгубил 37 милијарди долари! Закерберг: Измамени сме!

Компанијата “Facebook” изгубила околу 37 милијарди долари по скандалот со протекувањето на личните податоци на повеќе од 50 милиони корисници.

Тоа ги исплашило инвеститорите, па вредноста на акциите на Фејсбук паднале за околу 7 проценти. 

Извршниот директор и основач на Фејсбук, Марк Цукерберг, претрпел загуба од четири милијарди долари.

Падот на вредноста на акциите уследил откако американските службеници повикале на истрага поради тоа што личните податоци на 50 милиони луѓе од Фејбук биле собрани и злоупотребени без одобрение.

Фејсбук скандализиран поради недозволена употреба на податоци

Компанијата “Facebook” соопштила денес дека се “скандализирани поради тоа што се измамени” со употреба на податоците на своите корисници од страна на компанијата “Cambridge analytica”, наведувајќи дека ја разбираат “сериозноста на проблемот”.

“Facebook” во соопштението навел дека компанијата е одлучна строго да ја примени својата политика да ги заштити приватните информации и дека ги “презема сите расположливи мерки тоа ефикасно да се спроведе”.

Портпаролот на “Facebook” рекол дека раководителите на групата неуморно работат на тоа да дојдат до сите податоци и ги преземаат потребните мерки бидејќи ја разбираат сериозноста на проблемот.

Суспендиран директорот на “Cambridge Analytica”

“Cambridge Analytica” е обвинета дека илегално дошла до податоците на корисниците на Фејсбук. Директорот на компанијата, Александар Никс, денес бил суспендиран.

“Cambridge Analytica”, која има канцеларии во Велика Британија и САД, е обвинета дека недозволено користела лични податоци на повеќе од 50 милиони корисници на “Facebook” без нивна согласност, за да му помогне на Доналд Трамп да победи на претседателските избори во САД во 2016. година.

“Cambridge Analytica” ги отфрла тие обвиненија.

Управниот одбор на “Cambridge Analytica” соопштил денес дека го суспендирал генералниот директор на таа компанија, Александар Никс, додека не заврши целосната и независна истрага за неговите акции.

“Коментарите на Никс не ја претставуваат вредноста ниту операциите на компанијата, а неговата суспензија ја одржува сериозноста со која гледаме на овој проблем”, се наведува во соопштението.

Суспензијата, како што се иста, веднаш стапува на сила.

Истовремено, јавните обвинители во Масачусетс и Њујорк денес пратиле писмо до компанијата “Facebook” во кое ги бараат информациите за личните податоци кои завршиле во рацете на компанијата “Cambridge Analytica”.

Во писмото, пратено во рамките на заедничката истрага на двете сојузни американски држави, се барат документи за кршењето на условите за нудење на услуги на Фејсбук, како и копии од комуникацијата меѓу “Cambridge Analytica” и “Facebook”.

Британските власти веќе го повикале генералниот директор на “Facebook”, Марк Цукерберг, да сведочи пред парламентарниот одбор во тој случај.

Треба да знаете
Последни објави