Search

Пред Владата протест за малиот Алмир

Нов протест се најавува денеска во Скопје како реакција на судската постапка за смртта на малиот Алмир од Куманово. На социјалните мрежи се споделува повикот за протестот, кој е закажан во 13 часот пред Владата.

„Ве очекуваме на протестот за да го искажете вашиот револт кон судската мафија. Донесете со себе играчка, парче облека или што и да е што ви е најмило од вашето дете или внуче. Протестот ќе биде мирен затоа што ќе има многу мајки и деца“, повикуваат организаторите на протестот.

Минатата недела четворица обвинители – Џелал Бајрами, Ферат Елези, Башким Бесими и Исмаил Дардишта – испратија писмо до јавноста со кое реагираат дека се против одлуката на кумановското обвинителство и кумановскиот суд на обвинетиот Бобан Илиќ да му се суди за тешко дело против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот наместо за убиство на малиот Алмир.

Прегазувањето на четиригодишниот Алмир се случи на 25 јуни 2016 година поради банална расправија за ред во Здравствениот дом во Куманово, која прерасна во физичка пресметка помеѓу таткото на детето и Бобан. Во обид да избега од напаѓачите, Бобан со својот автомобил удри во ѕид од куќа и го прегази детето. Семејството Алиу побара максимална казна за Бобан. Тој, пак, тврди дека е жртва во пресметката на таткото на Алмир, Сеад Алиу, и на уште двајца негови роднини за насилство.

Треба да знаете
Последни објави