Search

Мајка на четири деца покажува како бременоста го променила нејзиното тело

23 годишната Дорин Чинг доаѓа до Малезија и објави фотографија на социјалните мрежи од својот стомак, на која покажува како ѝ изгледа телото после 4 – то породување. Таа вели дека на овој потег се одлучила откако конечно успеала да го прифати своето тело и новиот излед, односно да се помири со фактот дека после бременост, ништо не може да изгледа како што било претходно.

На фотографијата се покажуваат длабоките стрии на стомакот на Дорин, а успеала да собере повеќе од 23.000 “лајкови”, но не биле сите воодушевени со таа глетка. 

Додека поголемиот број на мајки споделиле слично искуство во коментарите, ѝ дале корисни совети, но меѓу нив биле и оние кои ѝ сугерирале дека таа е виновна за лузните, бидејќи сакала да има многу деца.

“Откако ја напуштив породилната сала, прво се погледнав во стомакот, а потоа започнав да плачам. Размислував како ќе го прифатам изгледот на својот стомак, кој ќе остане ваков до крајот на животот”, напишала Чинг под својата објава.

Во емотивната порака, таа соопштила дека нема доволно пари за операција која би можела да ги реши овие естетски недостатоци.

Треба да знаете
Последни објави