Search

Дали можете да се заразите при патување во авион?

Лицата кои патуваат во авион, а боледуваат од некоја акутна болест на системот за дишење, многу лесно можат да заразат и неколку сопатници.

 

Оние кои се наоѓаат во близина на заразен патник имаат 80 отсто шанси да го добијат тој вирус, а кај сите останати патници во кабината на авионот, веројатноста за такво нешто е помала од три отсто.

Според поранешни истражувања, во опасност од зараза биле сите патници кои седеле два ред пред и позади заразена личност.

Научниците внимателно ја следеле состојбата на заразени патници на 10 интерконтинентални летови, за да заклучат колкава е можноста од зараза кај останатите патници со респираторни инфекции како грип, болести кои се пренесуваат преку говор, кивање и кашлица.

Честичките вирус притоа остануваат во затворен простор и стануваат можен извор на зараза. Во нив има полно инфективни честички.

„Истражувањето не му оди во прилог на традиционалното верување, според кое само ако една личност кивне или се закашла, во било кој дел од кабината на авионот, ќе се заразат сите патници на тој лет“, вели доктор Роберт Глатер од болница во Њујорк, кој не учествувал во ова истражување.

Резултатите од спроведеното истражување покажале дека членовите на кабинскиот персонал, кои боледуваат од некоја заразна болест на системот за дишење, просечно заразуваат околу 4,6 патници по лет.

„Поради тоа е многу важно персоналот во авионот да не работи во таква состојба“, истакнуваат американски научници.

Истражувањето го извршиле научници од два универзитета, Емори и Техонолошки инстиут од Џорџија, а резултатите се објавени во стручниот магазин „Proceedings of the National Academy if sciences“.

„Треба да се внимава и при миење на рацете или при употреба на влажни марамчиња“, истакнува Глатер.

Треба да знаете
Последни објави