Search

Јанева: Не е лесно да се гонат такви моќници кои биле на власт 11 години

Јанева: Не е лесно да се гонат такви моќници кои биле на власт 11 години

Не е лесно да се гонат такви моќници кои биле на власт 11 години, изјави во интервју за Анализа 24, специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.

Таа вели дека не случајно се кажува дека Македонија била „заробена држава“.

Јанева вели дека вистинскиот пат е борба со криминалот.

За случајот со новинарката Ивона Талевска се надева дека нивната жалба ќе биде уважена.

Jaнева вели дека соработката со судот се цени како олеснителна околност.

„Во однос на пресудата и ние не сме задоволни“ – рече Јанева.

Taa кажа дека во правосудниот систем има многу нејаснотии околку казнувањето.

Треба да знаете
Последни објави