Запалена викендичката на координаторот на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп

Запалена викендичката на координаторот на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп

Координаторот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ и советник во Советот на Општина Прилеп, Петар Ристески, чија викендичка синоќа беше опожарена, изјави дека пожарот бил подметнат и се сомнева на политички мотивиран чин.

„Во моментот навистина не можам ниту да се сомневам во некој ниту да посочам со прст лично кон некого кој е сторителот. Но, единствено што ми паѓа на памет е дека ова е политички сторено дело“, рече Ристески, кој изрази сомнеж дека некому му пречи неговиот политички ангажман.

Рече дека неговите сомнежи дополнително ги разгорува фактот што во викендичката немало никаков електричен приклучок, електрични апарати или уреди на гас, па повика МВР да ја врши слободно својата работи и бргу да ги открие сторителите и нарачателите на палењето на неговата викенд-куќа.

Ристески додаде дека ова не е првпат да се посегне по неговата безбедност и објект во негова сопственост, со оглед на тоа што кога СДСМ славел победа, била уништена портата од неговата куќа, но полицијата не го повикала да даде изјава, а не е поведена ни судска постапка против никого.

Треба да знаете
Последни објави