Search

Милчин до владата на Заев: Помалку ветувајте, повеќе остварувајте

Милчин до владата на Заев: Помалку ветувајте, повеќе остварувајте

Владимир Милчин вечерва гостува на Канал 5 каде што рече дека новата Влада многу ветувала, а сега нема толку остварување.

-Колку брзо се забораат ветувањата. Помалку ветувајте, повеќе остварувајте. Сега нема остварување. Не гледам дека денеска има повеќе правда отколку што имаше во времето на режимот. Добро, има разлика во медиумите, повеќе се повеќе отворени и нема спектакуларни апсења. Точно е и дека сега повеќето невладини се стишени. Мислам дека дел од нив се уште набљудуваат, но молчењето нема да трае уште долго. Оваа Влада нема да има толку време како Владата на Груевски, нема толку долго да биде поштедена од критики и реакции, изјави Милчин.

Треба да знаете
Последни објави