Search

Марш по повод 8. Март – „НЕ“ на насилството и омразата врз понежниот пол

Марш по повод 8. Март – „НЕ“ на насилството и омразата врз понежниот пол

Со протестен марш во главниот град жени претставнички на повеќе организации и институции денеска го одбележаа 8 март. ОД паркот жена борец преку плоштадот Македонија се до камениот мост маршираа против насилството врз жените и стереотипите во општеството. Организаторот повика политичарите да се заложат за родовата, економска, социјална и политичка еднаквост на жените во Македонија. Оваа година потенцираа дека е важно гласно да се осуди насилството кое се уште се толерира, се поттикнува а ако излезе на виделина неадеквтно се осудува и казнува. Според активистките, статистиката за состојбата со жените  во нашата држава е загрижувачка.

– “Во 2018 во Македонија има највисока доеничка смртност во Европа. 175 000 немаат гинеколог во своите општини, трпат нехуман третман во породилните сали, на 80 ромки им се наплаќаат ехо прегледите иако се бесплатни. 34 000 жени во текстилната индустрија работат во нехумани услови, иако процентуално жените ги надминаа мажите со високо образование тие и натаму изостануваат од пазарот на труд.

На протестот се приклучија премиерот, министри, градоначалници, претставници на дипломатскиот кор. Само со силни жени, Македонија може да оди напред порача Шеќеринска. Таа очекува институциите професионално да го расветлат случајот и со нападнатата полицајка од страна на висок функционер на ДУИ.

И хелсиншкиот комитет изрази загриженост поради родовата нееднаквост која и натаму останува да биде декларативна заложба на властите. Според нивната статистика 78% од жртвите на физичко насилство се жени додека 98% од сторители на семејно насилство се мажи. Повеќе од ¾ од семејното насилство врз жени не се пријавени во ниту една достапна институција во државата.

Треба да знаете
Последни објави