Search

Заев по средбата со Мицкоски: Останавме на своите позиции, се договоривме пак да се видиме

Заев по средбата со Мицкоски: Останавме на своите позиции, се договоривме пак да се видиме

Во изјавата по вечерашната двочасовна средба со Христијан Мицкоски, лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, премиерот Зоран Заев рече дека главна тема беше можноста за враќање на опозициската пратеничка група во Собранието.

„Ја разбирам позицијата на ВМРО-ДПМНЕ да не се враќа во Собранието сѐ додека не бидат комплетни, но нашата позиција исто така останува непроменета – немаме намера да влијаеме на правосудството и на одлуките на судот во однос на приведените пратеници за настаните од 27 април лани“, рече Заев.

Тој додаде дека има сериозно приближување во однос на законите за кои е неопходно двотретинско мнозинство, како на пример законот за заштита на сведоците.

„Го информирав Мицкоски и за текот на преговорите за името. И тука нема некое поместување. Разговаравме за нашите стратегии, за намерите во преговарачките процеси. Но, и тука секој остана на своите ставови. Го пренесов ставот на Владата и опциите и нашиот оптимизам. Побарав да се најде решение за илјадниците амандмани за законот за јазиците, но неприфатлив е предлогот на Мицкоски за формирање работна група за оценување на уставноста на законот. За тоа е надлежен Уставниот суд“, изјави Заев и додаде дека се согласиле пак да се видат.

Треба да знаете
Последни објави