Search

Нема да тагува: Еве што одлучи да прави Џенифер Анистон по разводот

Нема да тагува: Еве што одлучи да прави Џенифер Анистон по разводот

Веста за разделбата на Џенифер Анистон и Џастин Теру успеа да ги изненади сите бидејќи никој не замислуваше дека нивниот брак има такви несовладливи проблеми. Откако официјално се потврди дека се развеле, тие не се појавиле никаде, не давале интервјуа, не учествувале на јавни настани.

Блиски до Анистон, сепак, откриваат што актерката прави во изминатите десет дена откако стана јасно дека нејзиниот сопруг си заминал. Излегува дека таа планира одмор во Хаваи, како и да земе со неа десетина нејзини другарки. Затоа таа ја преземала организацијата за одмор и ги координира сите дами кои ќе дојдат со неа.

Другата работа што сериозно ги оптеретува нејзините мисли се работните обврски. Анистон одлучила да снима филм по филм и во моментот ја организира својата програма за следната година.

Треба да знаете
Последни објави