Search

СДСМ: На ВМРО-ДПМНЕ ѝ пречи зајакнатата меѓународна позиција на Македонија

Најголемата владејачка партија реагира на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за позицијата на Македонија во странските медиуми, коментирајќи дека премиерот Зоран Заев во интервјуто за „Ројтерс“ ги повторил досегашните ставови и предлозите кои доаѓаат од медијаторот Метју Нимиц.

„ВМРО-ДПМНЕ треба да се информира дека новинската агенција „Ројтерс“ ја исправи својата објава и сега е целосно јасно дека се работи за предлози коишто Македонија не ги предлага, туку ги разгледува, како и дека станува збор за потрага на решение без да мора да се менува Уставот на Република Македонија. Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не мже да се помири со напредокот на Република Македонија. Поради штетните политики на ВМРО-ДПМНЕ, Република Македонија со години беше изолирана држава со урнисана меѓународна позиција. За разлика од тоа, денес светските медиуми Македонија ја опишуваат како држава којашто шири пријателство и соработка наместо конфликт, а Ројтерс, Шпигел, Еуроњуз и Фајненшл Тајмс, се само дел од медиумите кои се заинтересирани за напредокот што Македонија го остварува во домашните реформи, меѓународната политика и во решавање на спорот со Република Грција“, стои во реакцијата на СДСМ, од каде прашуваат зошто на ВМРО-ДПМНЕ толку и пречи зајакнатата меѓународната позиција на Република Македонија.

Треба да знаете
Последни објави