Search

Полициска акција во Гостиварско, уапсени четири лица, запленета марихуана

Полициска акција во Гостиварско, уапсени четири лица, запленета марихуана

Во полициска акција вчера во гостиварскиот регион, биле запленети неколку десетина килограми марихуана.

За неовласетено тргување и поседување на наркотични средства осомничени се четири лица.

Според првичните информации станува збор за количина од 60 килограми марихуана, која била открена во возило на патот кон Маврово.

Министерството за внатрешни работи во текот на денот ќе излезе со повеќе информации.

 

Треба да знаете
Последни објави