Search

Во акција на охридската полиција најдена дрога и уапсени 6 лица

Во акција на охридската полиција најдена дрога и уапсени 6 лица

Во периодот од 20 до 23 февруари Секторот за внатрешни работи Охрид, по претходна наредба од судија на претходна постапка, изврше повеќе претреси во домови и други простории, во патнички автомобили како и прегледи на лица.

Притоа, велат од МВР,  пронајдени и одземени се околу 60 грама марихуана, 10 грама хероин, 21 грам амфетамин, 10 грама спид, 10 куршуми и еден револвер, непознат калибар.

Пронајдените предмети се одземени со потврда за привремено одземени предмети и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи  во Скопје.

Во рамки на преземените мерки, СВР Охрид од слобода лиши шест лица против кои ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.   

 

Треба да знаете
Последни објави