Search

Смртоносна зима: Од Москва до Париз, сибирски леден мраз сее смрт ширум Европа, тројца мртви

Сибирскиот леден бран сее смрт ширум Европа, а опасноста не престанува.

Европа вчера се тресела од зимата откако ледениот бран од Сибир постепено се проширил низ целиот континент, носејќи најмалку три животи, еден во Франција и два во Полска. 

Температурите необични ниски и во Русија

Ледениот бран од Сибир во неделата постепено пристигнал и до Франција, каде температурата паднала на минус 10 степени Целзиусови, а ветерот го зголемувал чувството на студ како да е минус 18, јавила службата “Meteo France”. 35-годишен бездомник бил пронајден мртов во неделата наутро во Валенс, на југоистокот на земјата, каде живата на термометарот во текот на вечерта се спуштила на минус 3 степени. Првите информации наведуваат на заклучокот дека умрел од студ.

Во Полска две лица замрзнале во саботата. Во неделата температурата достигнала минус 12 степени.

Во Русија државниот метеоролошки завод предупредил дека меѓу 23. и 28. февруари земјата ќе ја погодат “необично ниски” температури. Речиси во цела Русија во следните три дена се очекува големо невреме.

Феномен Москва – Париз

Во југоисточна Европа, необичен студ за овој период од годината се очекува во Романија, минус 25 степени, како и во балканските земји. Училиштата во Букурешт нема да работат во понеделник и во вторник, а слична состојба има и во окрузите на југот на земјата. Во централна Европа, во Австрија и Унгарија, но и во Велика Британија, Италија и Шпанија, властите ги повикале жителите да се подготват на доаѓањето на феноменот познат како “Москва-Париз”, односно доаѓањето на студениот воздух од Сибир.

Треба да знаете
Последни објави