Search

ВМРО-ДПМНЕ: Правдата ќе биде задоволена кога судот ќе ги ослободи сите патриоти

Правдата ќе биде задоволена само тогаш кога судот ќе ги ослободи и другите неосновано притворени патриоти кои без никакви аргументи веќе трет месец се држат во затвор, велат од ВМРО-ДПМНЕ по вчерашната одлука на Апелацискиот суд шестмина притворени за настаните од 27 април во Собранието од притворот во Шуто Оризари да бидат пренесени во куќен притвор.

„Правната држава ќе почне да функционира само тогаш кога ќе бидат укинати и домашните притвори и кога ќе бидат отфрлени неоснованите обвиненија за тероризам. Судот мора да биде на висина на одговорноста што ја има и да утврди дека нема никаква правна основа да бидат задржани во истражен затвор и другите притворени во врска со настаните од 27 април.‬ Судот мора да стави крај на политички монтираните процеси против десетици патриоти“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Притворените лица, велат од таму, не се терористи, туку жртви на еден недемократски, политички монтиран случај.

„Дурловски, Илиевски, Јовановски, Дамовски, Чавков, Божиновска, Мукоски, Тарчуловски, Пешевска и другите не се терористи и не сториле терористички акт за да може да го повторат делото што им се става на товар. Тие ниту се обиделе, ниту, пак, имаат намера да се обидат да влијаат врз апсурдните обвиненија. Тие ниту се обиделе, ниту имаат причина зошто да се дадат во бегство“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата повторно побараа укинување на притворите за сите притворени лица.

Треба да знаете
Последни објави