Search

Заев утре во Берлин ќе се сретне со Меркел

Премиерот Зоран Заев утре во Берлин ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел. Средбата е во рамки на официјалната посета на владина делегација предводена од Заев на Германија, соопшти владината прес-служба. Германската канцеларка и македонскиот премиер по средбата ќе одржат заедничка прес – конференција.

За време на посетата во Берлин, Заев е предвидено да се сретне и со претседателот на Германија Франк Валтер Штајнмаер. Премиерот ќе има и обраќање во централната канцеларија на Фондацијата „Фридрих Еберт“.

Првата билатерална средба на премиерот Заев со германската канцеларка Меркел се одржа во Трст, во јули, лани, на маргините од Самитот „ЕУ – Западен Балкан“. Меркел тогаш искажа поддршка за новата македонска Влада за одлучноста за суштински реформи и за определбата за интеграција на Република Македонија во ЕУ.

Треба да знаете
Последни објави