Search

Левица: Приватизирање на „Македонски железници“ е евтин обид за полнење на буџетот

Приватизирање на „Македонски железници“, според политичката партија Левица, е евтин обид за краткотрајно полнење на буџетската каса преку продажба на нешто што, пред сè, не е нивно за продавање.

Реакцијата на партијата доаѓа по изјавата на министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, дека Владата размислува за приватизирање на „Македонски железници“.

„Политиката на распродажба на секое јавно добро мора да престане“, сметаат од Левица.

За денес напладне Левица најави прес-конференција на која ќе ги образложи причините поради кои партијата е против приватизација на железницата.

Треба да знаете
Последни објави