Search

Алкохолот е поштетен за мозокот од марихуаната

Алкохолот е поштетен за мозокот од марихуаната

Едно ново истражување покажува дека алкохолот е поштетен за мозокот од марихуаната.

Во истражувањето во кое учествувале 850 возрасни и 430 тинејџери е утврдено дека алкохолот, но не и марихуаната, влијае врз намалувањето на нервните ткива.

Сивата маса ги контролира функциите на мозокот, додека пак белата ги контролира нервите и мозокот. Нивното намалување влијае на функциите, но тоа не било забележано кај испитаниците кои конзумирале само марихуана.

“Иако марихуаната може да има негативни последици, тие не се ни близу до ефектите што ги предизвикува алкохолот”, објаснува Кент Хатчисон, ко-автор на студијата

Авторот на студијата, Рејчел Тејер, од друга страна, предупредува дека многу научници не знаат како марихуаната влијае на човечкиот мозок.

Истражувачите исто така наведуваат дека резултатите од влијанието на марихуаната врз мозокот не се исти во секое истражување. Така, една студија покажа дека комбинацијата на алкохол и канабис го намалува ризикот од заболување на црниот дроб, пишува Independent.

Треба да знаете
Последни објави