Search

Двајца повредени во престрелка со полициските Алфи во скопски Бутел

Двајца повредени во престрелка со полициските Алфи во скопски Бутел

Две лица се повредени во престрелка во која учествувале полициски службеници и која доцна попладнево се случила во скопски Бутел, дознава 24 инфо од очевидци.

Според инфорамциите, полициските службеници дошле да интервенираат на терен на улицата Бетовенова во Бутел при што настанала тепачка по која, според очевидците полициските службеници, најверојатно од тимот Алфа почнале да пукаат, при што две лица биле повредени и префрлени во болница.

Немаме информации за идентитетот на повредените, ниту пак официјална потврда од полицијата.

Треба да знаете
Последни објави