Пред една година работела како чистачка, а сега “крева прашина” каде и да се појави

Плус сајз моделот Табриа Мејџорс неодамна изјави дека во ова време минатата година работела како чистачка, а сега има успешна кариера во светот на манекенството и гордо чекори на црвениот тепих. Каде и да се појави, буквално крева прашина.

Деновиве магазинот за костими за капење “Спортс Илустрејтед” организираше забава, каде присуствуваа голем број на славни лица како и манекенките кои постојано ги красат насловните страни на магазинот. На забавата присуствуваше и Табриа Мејџорс. Таа остави најголем впечаток на црвениот тепих, поради нејзиниот стајлинг, а во прилог ќе погледнете и зошто. 

Таа носеше прилично провокативен фустан, каде долната облека ѝ се прозираше. Во црвен чипкаст фустан, со длабоко деколте кое одлично ги истакна нејзините гради и долниот дел од фустанот кој беше уште повеќе провокативен.

Табриа гордо позираше пред фоторепортерите, а кога позираше со нејзиниот грб, мажите дефинитивно не останаа рамнодушни на глетката. Црвен фустан и црвена долна облека сосема ја “запалија” атмосферата.

Сите дами кои присуствуваа на настанот беа атрактивни, но стајлингот на Табриа украде најмногу погледи.

Треба да знаете
Последни објави