Search

Мицкоски денеска се сретна со претседателот на Република Бугарија Румен Радев

Мицкоски денеска се сретна со претседателот на Република Бугарија Румен Радев

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска се сретна со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев.

На средбата се разговарало за повеќе теми важни за регионот, стратешките интереси на Република Македонија и за актуелните случувања во државата.

„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека е за развој на добрососедски односи, кои треба да се градат на реципрочна основа и взаемно почитување, и во таа насока добредојдени се сите иницијативи кои ги рефлектираат овие заложби.

Својот соговорник Мицкоски го запозна и со актуелните случувања во државата при што нагласи дека загрижувачка е загрозената демократија, политичкиот терор спроведуван од власта и стангирачката економија која се одразува врз стандардот на граѓаните“, соопшти партијата.

Претседателот Мицкоски посочи дека е потребна интеграција во Европската Унија и НАТО, и за таа цел добредојдена е и поддршката од Република Бугарија. Тој констатираше дека, за жал, нема никаков напредок во поглед на реформските приоритети врзани со интеграција на државата. Иднината на регионот е во овие организации, во цврстите пријателства и меѓусебното почитување, додаде Мицкоски.

Треба да знаете
Последни објави