Search

Клиничка болница-Битола наскоро со функционален акцелератор

Клиничка болница-Битола наскоро со функционален акцелератор

Заменик министерот за здравство, д-р Гоце Чакаровски ја посети Клиничката болница во Битола со цел увид во активностите околу монтирање на акцелераторот. Согласно информациите од изведувачите, се работи со одредена динамика по што сите пациенти од овој регион веќе нема да мораат да патуваат во Скопје за добивање на оваа услуга.

Заменик министерот одржа состанок со сите раководни лица на одделите во болницата, каде беа презентирани активностите и предизвиците во секојдневното работење.

Работната посета ќе продолжи и во текот на утрешниот ден, во рамки на Здравствениот дом, Центарот за јавно здравје и Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во Битола.

Треба да знаете
Последни објави