Search

Страотна сообраќајка кај Гиновци вечерва

Страотна сообраќајка кај Гиновци вечерва

Кај селото Гиновци на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово вечерва се случи сообраќајна незгода меѓу патничко возило и трактор.

Поради тоа, како што соопшти Авто мото сојузот на Македонија, сообраќајот на овој патен правец е во целосен прекин.

Повредените лица се наоѓале во тракторот и со возило на Итната медицинска помош се пренесени во болницата во Крива Паланка.

Екипа од полициската станица во Крива Паланка врши увид на местото на настанот.

Треба да знаете
Последни објави