Search

Се породила двапати во 17 дена

Се породила двапати во 17 дена

Девојчето што остана две недели во мајчината утроба откако нејзиниот брат близнак предвреме се роди, преживеа.

Џема Брајант, која била бремена со близнаци, рекла дека тагата поради загубата на синот и радоста за раѓањето на ќерката Лекси, е вистински ролеркостер од емоции.

Откако во 21-ва недела го изгубила синот, лекарите ја предупредиле дека веројатно и второто дете ќе се роди за три дена со мали шанси за преживување. Но, поминале 17 дена откако Џема повторно се нашла во салата за породување. Породувањето поминало во најдобар ред, а шансите за преживување на бебето се сè поголеми.

– Тешко ми е што Коби се роди толку рано, неговите мали бели дробови едноставно не беа подготвени. Следните денови поминати во чекање беа ужас, беше страшно кога се роди ќерката, но и возбудливо – рекла Брајант.

Треба да знаете
Последни објави