Search

Премиерот Заев во официјална посета на Турција

Премиерот Заев во официјална посета на Турција

Премиерот Зоран Заев од вечерва во официјална посета на Република Турција. За време на посетата ќе има средби на највисоко владино и државно ниво, а ќе се сретне и со претставници на бизнис заедницата во Турција.

Како што соопшти владината прес-служба, Заев ќе биде придружуван од министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Аднан Ќахил, пратениците во Собранието на Република Македонија Енес Ибраими и Јусуф Хасан и државниот секретар во МНР Виктор Димовски.

Посетата на премиерот Заев и делегацијата на Анкара почнува вечерва, со вечера организирана од ТОББ (TOBB), Сојузот на стопански комори и берзи на Република Турција. На вечерата премиерот Заев ќе има воведно обраќање, а пред претставниците на ТОББ ќе се обрати и министерот Ќахил.

Утре премиерот Заев ќе биде пречекан од страна на претседателот на Владата на Република Турција Бинали Јилдирим, а потоа двајцата премиери ќе имаат тет-а-тет средба по што ќе следува и средба на делегациите од Македонија и Турција. Јилдирим и Заев ќе одржат и заедничка прес-конференција.

Во текот на денот, премиерот Заев предвидено е да се сретне и со претседателот на Собранието на Република Турција Исмаил Кахраман и со претседателот на државата Реџеп Таип Ердоган.

Треба да знаете
Последни објави