Search

НОВА ДРАМА НА ШАПКА Шестминa скијачи се изгубиле

НОВА ДРАМА НА ШАПКА Шестмина скијачи се изгубиле

Шестмина спијачи, двајца косовски и четворица македонски државјани денеска се изгубиле на Попова Шапка.

– Околу 17.30 часот во Полициското одделение Попова Шапка дошол 30-годишниот Ф.Р од тетовското село Лисец заедно со косовскиот државјанин М.З., и пријавил дека двајца косовски и четворица македонски државјани околу 14.30 часот со жичница се искачиле на Церипашина и потоа се спуштиле по патеката Јелак. Но, поради густата магла залутале и се изгубиле во непознат шумски предел, некаде два километри северно од месноста Шипковачки бачила, над селото Вешала – велат од МВР.

Веднаш е организирана потрага по шестмината скијачи и околу 21 часот сите се пронајдени живи и здрави во месноста Студорек, во близина на Шипковачки бачила. Со ратрак во моментов тие се спуштаат кон Полициското одделение Попова Шапка.

Треба да знаете
Последни објави