Search

Екс уредничката на Утрински во кабинетот на министерката Шекеринска

 

Екс уредничката на дневниот весник од изданијата на МПМ „Утрински весник“ Соња Крамарска ќе биде дел од кабинетот на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, но засега е ангажирана хонорарно со договор на дело.

Според информациите кои ги пренесе министерството за одбрана искуството на Крамарска било пресудно да биде ангажирана за подобрување на транспарентноста и отчетноста, па така таа најдобро ќе се вклопи во одделот за комуникација со јавноста.

Да потсетиме дека Крамарска во 2016 години по големите промени во МПМ беше разрешена од функцијата главен и одговорен уредник на „Утрински“ кој тогаш беше еден од најкритичките весници кон власта на Никола Груевски. Подоцна сите изданија на МПМ пропаднаа. 

Треба да знаете
Последни објави