Search

Фирмата ја нашле на Фејсбук, уплатиле 70.000 денари за германска виза и останале без пари

Фирмата ја нашле на Фејсбук, уплатиле 70.000 денари за германска виза и останале без пари

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Д.К. од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело измама.

Според МВР 30-годишниот Д.К. во периодот од јуни до септември 2017 година преку социјалната мрежа Фејсбук објавил дека неговата фирма “ОР Герма“ обезбедува и регулира документација за добивање работна виза за Сојузна Република Германија, за што С.Л. (29) од гостиварското село Чегране, на трансакциската сметка на пријавениот уплатил 46.500 денари, додека Ш.Р. (38) од Гостивар уплатил 22.660 денари.

Откако пријавениот ги подигнал паричните средства ги прекинал сите контакти со лицата.

Треба да знаете
Последни објави