Search

Германија има дефицит на работници – за овие занимања плаќа и до 3.000 евра

 

Ова е шанса за работниците од Македонија и од поранешните југословенски републики да се вработат на работни места кои се многу барани и со задоволство примени, бидејќи тие се високо квалификувани и се согласуваат да работат за минимална плата пропишана од страна на германските регулативи.

Затоа што Германците се потешко обезбедуваат доволно работна сила, аналитичарите стравуваат дека многу професии ќе исчезнат, а со нив и работните места. И тоа за неколку години.

Занимања кои се дефицитарни во Германија се: математичар, информатичар, научници од областа на природните науки, техничари и лекари додека стоматолозите се исклучени.

Според најновата студија, на Германија до 2025 година ќе и недостасуваат 35.000 наставници. И тоа под услов бројот на учениците да остане непроменет, а тоа сигурно нема да се случи дури ни во ова друштво кое рапидно старее. Експертите предвидуваат пораст на бројот на ученици и потребата само во основните училишта да се вработат 105.000 нови наставници!

Тамошните локални медиуми објавија дека бројот на млади луѓе кои сега се обучуваат за да преземат педагошка настава не е дури ни блиску да се пополни “дупката”. Во следните седум години ќе може да се образуваат максимум 70.000 наставници. Составен дел на пресметките е фактот дека околу 60.000 наставници ќе се пензионираат во тој период.

Ова е шанса за работниците од поранешните југословенски републики кои се многу популарни и со задоволство примени, бидејќи тие се високо квалификувани и се согласуваат да работат за минимална плата пропишана од страна на германските регулативи.

Инаку, интересот на странците за “Сината карта”, која овозможува увоз на работна сила, расте од година во година и до денес двојно се зголеми.

За да се надева на “сина карта”, странецот мора да ги исполни минимум двата услови: да има потврда за завршено училиште признаена во Германија и доказ дека понуденото работно место прво ќе биде платено 50.800 евра годишно, каде со тек на време таа сума ќе се корегира и ќе падне на 39.642 евра годишно. Ова би значело дека месечната плата на работниците треба да изнесува повеќе од 3.000 евра.

Најголем дел од работниците во Германија биле “увезени” од Индија (22,8%), по што следуваат граѓаните на Кина, Русија, Украина и Сирија.

Треба да знаете
Последни објави