Search

“Вакво нешто уште не сме виделе”: Бил угледен пејзажен архитект, но на имотите на своите клиенти во градините криел човечки тела

 

Полицијата во Канада го обвинила пејзажниот архитект од Торонто за најмалку пет убиства и погребување на своите жртви во големите градини на имотите на своите клиенти.

Станува збор за случај без преседан во државата, а полицијата се сомнева дека тој е виновен за уште пет убиства. 

“Градот Торонто никогаш досега не видел нешто вакво”, рекол полицаецот Хенк Идсинга за новинарите во понеделникот.

66-годишниот Брус Мекартур бил уапсен во јануари и обвинет за смртта на двајца мажи кои се воделе како исчезнати.

Во понеделникот полицијата додала уште три точки во обвинението за првостепено убиство, со што бројот на неговите жртви пораснал на пет.

Полицијата рекла дека пронашла исечени остатоци од тела на три жртви во големи градини на имотите кои Мекартур ги уредувал.

Форензичарите сега спроведуваат ДНК анализа за да ги утврдат идентитетите на пронајдените тела.

Лоцирани биле уште околу 30 места каде Мекартур работи и инспекторите се обидуваат да утврдат каде се наоѓаат останатите жртви.

“Веруваме дека ги има повеќе и не знаеме колкав би можел да биде бројот”, рекле од полицијата и ги повикале сите клиенти на Мекартур да се јават во полиција.

Мекартур ги вршел убиствата меѓу 2012. и 2017. година.

Веста за неговото апсење уследила неколку месеци откако ЛГБТ заедницата на Торонто рекла дека постои сомнение дека сериски убиец таргетира геј мажи, откако исчезнале Селим Есен и Ендру Кинсман. Полицијата најпрво рекла дека не постојат докази за таа теорија, но во јануари Мекартур го опишала како сериски убиец.

Тој е обвинет и за убиствата на Маџид Кајхан и Соруш Мармуди, како и Дин Лисовик, чие исчезнување не е ни пријавено.

Сите тие биле припадници на геј заедницата, на возраст меѓу 40 и 50 години, а меѓу нив има и такви со потекло од Блискиот исток.

Треба да знаете
Последни објави