Search

Со солзи во очите Дачиќ се прости од татка си

Со солзи во очите Дачиќ се прости од татка си

Десимир Дачиќ, татко на српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ е погребан денеска на Новите гробишта во Белград.

На погребот присуствуваа министерот за рударство и енергетика и функционер на СПС Александар Антиќ, белградскиот градоначалник Синиша Мали, функционерот на СПС Милутин Мркоњиќ во придружба на Ана Бекута, новинарот Миломир Мариќ, претседателот на Собранието на Белград Никола Никодијевиќ, министерот за туризам и трговија Расим Љајиќ, лидерот на Народна странка Вук Јеремиќ, како и многу други политичари и високи државни функционери.

Последен поздрав на таткото на Дачиќ упатија и потпретседателот на Народното собрание на Србија Владимир Маринковиќ, познатиот адвокат Тома Фила и низа поранешни и актуелни министри во српската влада.

Десимир почина на 30 јануари во Военомедицинската академија во Белград, по кратко боледување.

Веста за загубата го затекна српскиот шеф на дипломатијата на пат.

 

Треба да знаете
Последни објави