Search

Шилегов ќе го прави езерото Треска бисер на Скопје

Шилегов ќе го прави езерото Треска бисер на Скопје

Градот Скопје ја усвои одлуката со која се одделуваат 7 милиони денари за изготвување проект за ревитализација на Езерото Треска. За оваа одлука гласаа советниците Албанци и тие од мнозинството, а опозицијата беше против потсетувајќи го градоначалникот на Скопје, Шилегов дека за Сарај веќе постои студија изработена од поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски.

Како што објасни Шилегов, 3 милиони денари ќе се искористат во текот на оваа година, а 4 милиони денари во текот на следните две година. Исто така, на седницата на Советот на Град Скопје е усвоена и предлог-одлуката за санирање на патот во Крушопек во вредност од 2 милиони денари, како и изградба на колектор на улица 155, во Општина Чаир во вредност од 7 милиони денари.

Треба да знаете
Последни објави