Изминатата недела регистрирани 1.085 заболени од грип

Изминатата недела регистрирани 1.085 заболени од грип

Грипот почна да зема замав. Минатата недела Институтот за јавно здравје регистрирал над 1.000 заболени од кои најголем број се од Западна Македонија. Епидемиолозите велат дека со враќањето на учениците во училишните клупи нагло се зголемил и бројот на грипозни. 

– Во државата имаме конгломерација на деца во училишта и градинки каде просториите ретко се проветруваат и многу лесно доаѓа до ширење на респираторни инфекции. Мој предлог е почесто да се проветруваат, болните деца да седат дома за да нема ширење на грипот, топли напитоци и витамин Ц и никако антибиотици на своја рака – вели Жарко Караџовски, епидемиолог во ИЈЗ. 

Засега состојбата не е алармантна а пикот се очекува кон средината на февруари.

Треба да знаете
Последни објави