Search

Одложена расправата за Законот за јазици, се преведуваат амандманите

Одложена расправата за Законот за јазици, се преведуваат амандманите

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, по попладневната пауза, околу 17 часот, ја продолжи денешната седница на парламентот, меѓутоа ја одложи точката за расправа по Законот за јазиците.

Имено, кога стигна до точката за Законот за јазиците парламентарниот спикер рече дека за таа точка нема технички услови за расправа. Тој воедно појасни дека не била завршена формалната процедура за обработка и превод на сите амандмани.

Џефери потоа премина на другите точки на дневниот ред, но поради немање кворум за гласање, тоа остана за наредната седница.

Пратениците во македонскиот парламент денеска имаа многу превирања поради што по повеќе од три часа го усвоија дневниот ред за работа, на кој Законот за јазиците беше ставен како осма точка. Сепак, сосема неизвесно беше дали ќе се дискутира за Законот откако пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ доставија 35.569 амандмани по однос на истиот.

Треба да знаете
Последни објави