Search

Димовски: На законот за јазиците му е ставено европско знаменце за да се ограничи дискусијата

Димовски: На законот за јазиците му е ставено европско знаменце за да се ограничи дискусијата

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, на прес-конференција во Собранието изјави дека за законот за јазиците не биле спроведени консултации со стручната јавност, ниту со здруженијата на помалите етнички заедници. Тој вели дека на законот му е ставено европско знаменце со цел да се ограничи дискусијата.

„Целта нe е законот да се закочи во одередена фаза, туку да се вклучат сите фактори во донесувањето. Се плашиме дека законот ќе генерира кризи во иднина. СДСМ и ДУИ имаат простор да си ги проверат и преиспитаат решенијата за законот, а тоа може да го направат со партиите, експертите, факултетите“, рече Димовски.

Додаде дека присуството на опозицијата во Собранието е поврзано само со законот за јазиците.

 

Треба да знаете
Последни објави