Трагедија во Битола: Мајка и 17-годишен син изгореа во пожар

Трагедија во Битола: Мајка и 17-годишен син изгореа во пожар

17-годишно момче Дарко А. заедно со неговата мајка ФатмаА. изгореа рано утрово во пожар што избувнал во нивната семејна куќа на улица Девеани број 115 на периферијата од Битола.

Соседите раскажуваат дека пожарот избувнал утрово по три часот утрово.

Слушнавме како соседот вика помош. Кога видовме цела куќа беше во пламен. Пуштивме црево да гасниме, но беше доцна. Внатре му изгореа жената и ќерката. Тој во критичниот момент бил излезен во тоалет, а до тоалетот се стигнува преку дворот, раскажуваат соседите.

Куќата била цела во пламен и не можело ништо да се стори за да се спасат мајката и синот.

Причината за пожарот не се знае. Семејството се греело на дрва, а вклучувале и греалка. Од полицијата извршија увид на местото на несреќата.

 

Треба да знаете
Последни објави