Search

Заев се сретна со Џорџ Сорос во Давос

Македонија ги споделува и промовира вредностите кои ги застапува и ФОО

Во рамките на интензивната агенда од учеството на Светскиот економски форум во Давос, Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, денеска се сретна со филантропот и финансиер Џорџ Сорос, основач на Фондацијата отворено општество (ФОО) и со Александар Сорос, заменик претседавач со глобалниот одбор на ФОО.

Република Македонија, беше истакнато на средбата, ги споделува и промовира вредностите на демократијата, заштитата на човековите права, владеењето на правото и отвореното општество, како вредности за кои се застапува и ФОО.

Концептот отворено општество еднакво за сите и понатаму останува столб врз кој се гради новиот лик на Република Македонија, заедно со демократските реформи за членство во ЕУ ​​и НАТО и со економските мерки кои ги презема Владата, беше нагласено на средбата со Џорџ Сорос.

Владата на Република Македонија и Џорџ Сорос остануваат и понатаму отворени за соработка на планот на развојот на демократските капацитети на општеството, како и на можностите за нови бизниси и директни инвестиции.

 

Треба да знаете
Последни објави