Search

Заев: Оптимист сум дека може да се најде национален консензус за решавање на спорот со Грција

Заев: Оптимист сум дека може да се најде национален консензус за решавање на спорот со Грција

Премиерот Зоран Заев по координативниот состанок на државно-политичкиот врв на кој се зборуваше за спорот со името и кој траеше пет часа, изјави дека е оптимист дека може да се најде национален консензус за ова прашање. Тој рече дека овој процес бара одговорност и дека е неопходна вклученост на сите.

„Ова беше информативна средба за предложените идеи на медијаторот Метју Нимиц. Овој процес бара одговорност. Имаме цел да обезбедиме напредок и заштита на националните интереси. Неопходна е вклученост на сите“, рече Заев.

Тој додаде дека решение е можно ако има волја и од грчка страна. „Ние ќе продолжиме да преговараме“, рече Заев и додаде дека мора се внимава да не се наруши преговарачкиот процес.

Премиерот, исто така, најави дека во иднина ќе се формираат работни групи за учебниците.

„Нема да ги коментирам грчките позиции. Јас сум оптимист дека може да се најде национален консензус за овие прашања“, рече Заев по состанокот со претседателот Ѓорге Иванов и со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети.

Претседателот Ѓорѓе Иванов вели дека сите вакви средби се неопходни. Информираше дека бил презентиран предлогот на Нимиц, но не сакаше да открие детали.

„Процесот се води во рамките на Обединетите нации и потребно е тоа да биде одговорно во рамките на македонските интереси и да не биде на штета на граѓаните“, изјави Иванов.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски со став-дека од овој момент па натаму , одговорноста за процесот е на Владата,

„ВМРО ДПМНЕ е силен поддржувач на евроатланските интеграции и останува на браникот на националните интереси. Оваа средба требаше порано да се случи, сега ги имаме информациите, од сега па натаму одговорноста за процесот е на Владата“, рече Мицкоски, но не сакаше да одговори дали тоа значи дека опозицијата се дистанцира од процесот на национален консензус.

Детали не откри ниту Али Ахмети за да не му наштети како што рече на процесот.

„Ова е почетокот на крајот на еден важен процес. Многу е важно Македонија да стане членка на ЕУ и на НАТО и актер на стабилност во регионот“, рече Ахмети.

Треба да знаете
Последни објави