Search

СДСМ: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром бегаат од работа, а земаат плата

СДСМ: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром бегаат од работа, а земаат плата

По примерот на пратениците, и советниците на ВМРО-ДПМНЕ во општина Аеродром бегаат од работа а земаат пари од граѓаните, обвини денеска СДСМ.

„Бојкотот, деструкцијата и дејствувањето спротивно на интересите на граѓаните што ВМРО-ДПМНЕ ги спроведува во Собранието, опозициската партија ги пренесува и на локално ниво. Веќе втор пат, советниците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштаат седницата на Советот на Општина Аеродром, веднаш откако ќе се усвои дневниот ред. Изговорот е дека одбиваат да ја вршат својата работа поради правните процеси започнати од надлежните институции за насилствата во Собранието на 27 април. Меѓутоа, пред да заминат, советниците од ВМРО-ДПМНЕ редовно го подигнуваат својот паушал. Толку од лажната грижа на ВМРО-ДПМНЕ“, соопштува СДСМ.

Оттаму сметаат дека со ваквото однесување советниците од ВМРО-ДПМНЕ, покажуваат дека воопшто не им се важни интересите и потребите на граѓаните што ги претставуваат, туку дека единствено се грижат за своите џебови. 

„Советниците од ВМРО-ДПМНЕ не работат за граѓаните на општина Аеродром туку за себе и за партијата. СДСМ нема да дозволи ваквото неодговороно однесување на ВМРО-ДПМНЕ да биде на штета на граѓаните“, порачува владејачката партија. 

 

 

Треба да знаете
Последни објави