Search

Детенце (8) паднало од велосипед, а недела дена подоцна умрело: Една гребаница ја плати со животот!

Детенце (8) паднало од велосипед, а недела дена подоцна умрело: Една гребаница ја плати со животот!

Лијам Фланеган (8) почина на 21 јануари после тешка инфекција, која ја добил при пад од велосипед. Детето со велосипед се спуштало низ рид во својот роден град во близина на Портланд кога паднал и се повредил.

Се исекол на надколеницата, но иако родителите однеле во болница на шиење, не изгледало како сериозна исеченица. По шиењето на раната, Лијам е пуштен дома.

Родителите забележале дека раната е модро-црвена и дека отекува, па детет го однеле во болница. Лекарите утврдиле дека Лијам добил некротизирачки фасцитис, инфекција која го разјадува ткивото. Инфекцијата брзо напредувала и лекарите четири пати го оперирале за да му го спасат животот.
 

Хирурзи поминале со часови во операциона сала обидувајќи се да го исечат инфицираното ткиво, но бидејќи не успеале да ја запрат инфекцијата префрлен е во друга болница во Портланд. Таму лекарите се обиделе да го запрат пропаѓањето на ткивото со ампутација на едниот екстремитет, но за жали и тоа не помогна.

-Му ја исекоа речиси целата десна страна од телото. Само го сечеа и се надеваа дека инфекцијата нема да се прошира. Тој беше толку добар и не тешеше сите нас, раскажува неговата мајка Сара.

„Практично го сечеа дел по дел. Речиси цела десна страна му исчезна. Потоа продолжија да сечат, а ние да се надеваме“, рече неговиот очув.

Префрлен е во трета болница кај специјалисти, но само неколку часа подоцна Лијам починал.

 

Треба да знаете
Последни објави